Нова драма на СП: Мароко ја исфрли Холандија на пенали

По Германија, селекцијата на Холандија е втората од Европа што е елиминирана во 1/16 финалето од светскиот шампионат, и тоа по послабо изведување на пенали од својот противник.

Мароко е репрезентацијата што го зеде скалпот на „лалињата“ откако во драматичен натпревар Мароканците најпрвин со гол во 91. минута се спасија од пораз (1-1), а потоа во пенал-рулетот стигнаа до пласман во следната рунда.

Роналдо Куман се реши за дефанзивна тактика, „лалињата“ не делуваа моќно и офанзивно како на првите натпревари, но сепак први поведоа преку Гакпо во 72. минута. Осминафиналето беше на дофат за холандските фудбалери, но Диоп со прекрасен удар со глава на самиот почеток од 91. минута го одведе мечот во продолженија.

Мароко имаше повеќе од играта во дополнителните 30 минути, мрежите сепак мируваа, но холандските фудбалери потклекнаа во пенал рулетот, промашувајќи три од петте удари од белата точка. Клајверт, Тимбер и Самервил беа трагичарите на „лалињата“, кои повторно прерано завршуваат едно големо натпреварување.

Се вчитува...