Нова феноменална партија на Јокиќ, Дејвис и Леброн ги предводеа Лејкерс, Мајами на работот на елиминаицја

Никола Јокиќ и Денвер стигнаа до предност од 2-1 во четвртфиналната серија против Портланд откако славеа на гостувањето со 115-120. Српскиот интернационалец одново одигра одличен меч кој го заврши со дабл-дабл учинок од 36 поени и 11 скока на кои додаде и 5 асистенции. Кај домаќините Дамиен Лилард беше првото име со 37 поени и 5 асистенции.

Лејкерс по поразот на првиот меч во серијата против Феникс поведе со 2-1 откако славеше на домашен терен со 109-95. Ентони Дејвис беше првото име на мечот со 34 поени и 11 скока, додека него го следеше Леброн Џејмс со 21 поен, 9 асистенции и 6 скока. Ејтон беше првото име кај гостите со 22 поени и 11 скока.

Минатогодишниот финалист, Мајами е на работ на елиминација во четвртфиналето откако со победаата од 84-113, Милвоки стигна до предност од 3-0 во серијата. Миделтон од редовите на Бакс беше првото име на натпреварот со 22 поени, 8 скока и 5 асистенции, додека Џими Батлер ги предводеше домаќините со 19 поени, 8 скока и 6 асистенции.

Се вчитува...