Нова фудбалска магија на Златан Ибрахимовиќ (видео)

Златан Ибрахимовиќ уште еднаш потсети на своите најдобри времиња, постигнувајќи гол за паметење во МЛС-лигата. Швеѓанецот маестрално се снајде во шеснаесетникот и ја смести топката во мрежата, но неговиот тим ЛА Галакси, претрпе нов пораз, овојпат на дуелот со Њу Ингланд.

Класата е вечна, тука нема дилеми, но на Ибракадабра ќе му биде неопходна и значителна помош од соиграчите ако сака да стигне до трофеј во САД пред да ја заврши својата фантастична кариера.

 

Се вчитува...