Нова хит изјава на Шек – Омилен момент во НБА? Кога се туширавме голи со соиграчите

Легендарниот НБА кошаркар, Шекил О’Нил во кариерата освои четири титули, три со Лос Анџелес Лејкерс и еден со Мајами Хит. Прстенот освоен со Хит во финалето против Далас Маверикс, за Шек е најомилениот момент поминат во Мајами. Тој во едно интервју на поранешниот соиграч Дорел Врајт му призна дека омилен момент му бил кога се туширале голи заедно.

„Најомилен момент во Мајами ми беше кога се обидуваше гол под туш да се бориш со мене, а Удомис Хаслем не ни проба да не раздели“, му порача Шек на Врајт. 

Шекил О’Нил се уште важи за еден од најдоминантни кошаркари во лигата, а покрај за Лејкерс и Хит во кариерата настапуваше и за Орландо Меџик, Бостон Селтикс, Феникс Санс и Кливленд Кавалерс.

Се вчитува...