Нова „магија“ на Дончиќ, Јокиќ не може се сам (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа девет натпревари. Лука Дончиќ одигра уште еден неверојатен меч во победата на неговиот Далас Маверикс на домашен терен против Филаделфија 76 со 107-98.

Младиот Словенец го запиша својот 44. трипл-дабл во кариерата откако на 33 поени додаде и 15 асистенции и 13 скока. Кај поразените недоволни беа 27 поени на Џоел Ембид.

За разлика од Дончиќ, новата одлична партија на Никола Јокиќ не беше доволна за победа на Денвер кој загуби на домашен терен од Њу Орлеанс Плеиканс со 105-113. Србинот натпреварот го заврши со 25 поени 12 скока и девет асистенции, додека кај победникот најефикасен беше Херберт Џоунс со 25 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда Кливленд – Шарлот 101-102, Детроит – Бостон 93-102, Индијана – Чикаго 115-122, Торонто – Атланта 125-114, Сан Антонио – Хјустон 131-106, Јута – Бруклин 125-102 и Портланд – Оклахома 93-96.

Се вчитува...