Нова „мајсторска“ партија на Јокиќ за нова победа на Денвер

Никола Јокиќ одигра нов одличен натпревар во победата на Денвер над Оклахома со 113-107 за искачување на шестата позиција во Западната конференција. Српскиот интернационалец мечот го за заврши со дабл-дабл од 35 поени и 12 скока, а додаде и 8 асистенции.

Него го следеше Гордон со 20 поени и 9 скока, додека предводници на гостите беа Маледон со 20 поени и 4 скока и Покушевски со 17 поени, 5 скока и 5 асистенции.

Во останатите натпревари Сан Антонио славеше над Њу Орлеанс со 103-107, Сакраменто по продолженија беше подобар од Орландо со 110-114, Торонто славеше со 131-91 над Индијана, Чикаго со 94-98 против Кливленд, Мемфис продолжи со одличната форма и против Милвоки (127-102), Бруклин го доби гостувањето кај Мајами со 95-110, додека на гостинска победа се радуваше и Хјустон кој славеше против Портланд со 98-115.

Се вчитува...