Нова „моќна партија“ на Јокиќ, Клиперс го решија Голден Стејт (ВИДЕО)

Денвер Нагетс на „крилата“ на српскиот кошаркар и МВП од минатата сезона во НБА лигата, Никола Јокиќ стигна до нова победа, овојпат на домашен терен против Орландо Меџик од 121-111.

Јокиќ повторно беше најдобар поединец во својот тим со 26 поени, надополнети со 15 скока и седум асистенции. Кај поразените Вендел Картер Џуниор го заврши натпреварот со 25 поени.

Лос Анџелес Клиперс стигна до убедлива победа над Голден Стејт Вориорс од 119-104. Теренс Мен со 25 поени беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај поразените залудни беа 33 поени на Стеф Кари.

Во останатите натпревари од синоќешната понуда: Вашингтон – Детроит 103-94, Бруклин – Сакраменто 109-85, Њујорк – Оклахома 123-127, Чикаго – Сан Антонио 120-109, Милвоки – Портланд 107-122, Њу Орлеанс – Торонто 120-90 и Јута – Хјустон 135-101.

Се вчитува...