Нова МВП партија на Јокиќ, повторно одлична вечер и за Стеф Кари (ВИДЕО)

Никола Јокиќ одигра уште една МВП партија во НБА лигата. Тој во победата на неговиот Денвер Нагетс над Мемфис по две продолженија од 139-137 постигна 47 поени, надополнети со 15 скока и осум асистенции. Кај Гризлис најдобар беше Жа Морант со 36 поени, 12 асистенции и осум скока.

Стеф Кари со 49 поени поени предводеше Голден Стејт Вориорс во победата на гостувањето кај Филаделфија 76 од 96-107. Одличниот бек-шутер на Вориорс повторно натпреварот го заврши со двоцифрен број на погодини шутеви за тројка (10). Кај 76 Џоел Ембид заврши со 28 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда, Детроит – Кливленд 109-105, Бостон – Чикаго 96-102, Индијана – Сан Антонио 94-109, Мајами – Хјустон 113-91, Вашингтон – Оклахома 119-107, Милвоки – Феникс 127-128 и ЛА Лејкерс – Јута 97-111.

Се вчитува...