Нова победа на Лина Ѓорческа во Капошвар

Лина Ѓорческа продолжи со добрите игри во Капошвар, пласирајќи се во четвртфиналето од овој фјучерс-турнир со награден фонд од 25.000 долари.

Македонката во првиот меч славеше над Норвежанката Стоке со 6-4, 6-3, за денеска да триумфира со 2-1 во сетови во дуелот со Ванда Лукаш од Унгарија. Ѓорческа се мачеше во првиот сет што го доби во тајбрејк, за потоа да прокоцка предност од 5-2 во вториот сет и да го загуби истиот во тајбрејк. Сепак, квалитетот на Македонката беше потврден во решавачкиот сет, што Ѓорчевска рутински го доби со 6-2 за пласман во следната рунда.

Македонската тенисерка има добри шанси да се пласира и во полуфиналето, со оглед на фактот дека во четвртфиналето ја очекува дуел со квалификантката Емилијана Аранго од Колумбија.

Се вчитува...