Нова повреда на Џон Вол: Крај на сезоната за ѕвездата на Хјустон

Бекот на Хјустон Рокс, Џон Вол, ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на задната ложа, објави генералниот директор, Рафаел Стоун.

Деталните прегледи утврдија дека Вол ќе биде надвор од терените најмалку три недели, што значи дека нема да го гледаме повеќе оваа сезона, бидејќи Хјустон е без шанси да се пласира во плејофот на Западот.

Петкратниот играч на „Ол стар“ има просек од 20,6 поени и 6,9 асистенции откако пристигна во Тексас минатото лето. Неговите добри игри, сепак, не одат заедно со резултатите на тимот, па Хјустон во моментов е најлошиот тим во лигата со резултат 15-46.

За потсетување, Вол исто така имаше големи проблеми со повредите за време на неговата кариера во Вашингтон визардс. Тој отсуствуваше година и пол поради повреда на Ахиловата тетива.

 

 

Се вчитува...