Нова повреда на Ентони Дејвис, и бизарни 25 секунди кои следат… (ВИДЕО)

Ентони Дејвис синоќа доживеа нова, во низа, повреда кои му ја одбележаа кариерата. Но, се покажа потоа дека глуждот, сепак, не страдал премногу па мечот го заврши со 38 поени и 17 скока и ги предводеше ЛАЛејкерс до важна победа кај Минесота од 111-123.

Дејвис сезонава поради повреди пропушти 26 натпревари, па сега, како и да е, го очекува нова пауза. Тој остана да лежи на паркетот а околу него играта си продолжи, прекината дури по 25 секунди.

Тие 25 секунди се меѓу најбизарните на НБА паркетите сезонава. Кошаркарите на Минесота прво не знаеја дали треба да застанат или продолжат, а Руди Гоберт не можеше да го нападне рекетот затоа што Дејвис во агонија му беше на патот, па ја врати топката на тројка која соиграчот ја промаши. Но, и натаму играта си продолжи, па следеа поени на Лејкерс, па нов напад на Минесота и конечно по 25 секунди следеше прекин по прекршок…

 

Се вчитува...