Нова сензација на женскиот турнир на Ролан Гарос

По елиминацијата на актуелната шампионка и втора носителка Барбора Крејчикова, поразот на четирикратната гранд-слем шампионка Наоми Осака, како и елиминацијата на Онс Жабер и Гарбиње Мугуруза, нова сензација се случи на женскиот турнир на Ролан Гарос.

Во второто коло својот настап го заврши и третата носителка и минатогодишна полуфиналистка, Гркинката, Марија Сакари. Таа во второто коло беше поразена од Чехинката, Каролина Мучова со 2-0, по сетови (7-6 и 7-6).

Пласман во третата рунда денеска во женскиот дел од турнирот обезбедија и: Азаренка, Кербер, Мертенс, Анисимова и Гоф.

Се вчитува...