Нова сензација во ист ден: БИХ го совлада европскиот првак Словенија

Европскиот првак Словенија и еден од најголемите фаворити за златото, загуби од БИХ во денешниот натпревар во групата „Б“. Словенците важеа за огромни фаворити, на крајот го доживеаја првиот пораз и тоа пред се поради опуштањето во втората и третата четвртина и одличната партија на кошаркарите на БИХ.

Првиот период го добија Словенците со шест разлика, и кога се чинеше дека ја имаат контролата, БИХ полека се враќаше, па во втората четвртина стигаа до „егал“, а во третата и до водство. Сепак, и Словенија беше во игра па во последната четвртина заминаа со еден поен предност.

Во четвртиот период БИХ со поголема желба стигна до водство во еден момент и до пет разлика, но Словенија успеа некако да се врати, па мечот влезе во драматична завршница.

На пет секунди до крајот Босанците имаа водство од два разлика и слободни фрлања, кои ги реализираа и стигнаа до победа од 93-97.

Робертсон беше најдобар стрелец со 23 поени, додека Дончиќ застана на 16 поени.

Ова е втора сензација за денешниот ден, откако претходно Белгија ја совлада Шпанија.

Се вчитува...