Нова тажна вест од НБА: Почина екс-кошаркар на Детроит и Милвоки!

Познатиот НБА играч и член на Куќата на славните, Боб Ланије, почина на 73-годишна возраст, соопшти лигата. Според НБА, Ланије починал во вторникот по кратко боледување. Заедно со Карим Абдул Џабар во 1970-та, Ланије беше еден од најдобрите играчи во НБА лигата.

Покрај тоа, тој беше глобален амбасадор на лигата. Ланије помина 14 сезони за Детроит и Милвоки, со просек од 20,1 поен и 10,1 скока. Тој е трет на листата на Пистонс по бројот на поени и скокови на сите времиња.

Детроит го избра Ланије како прв пик во 1970 година. Комесарот на НБА лигата Адам Силвер изјави дека Ланије е меѓу најталентираните центри во историјата на лигата и дека неговите достигнувања го надминале она што тој го правел на теренот.

„Повеќе од 30 години, Боб беше наш глобален амбасадор, но и специјален асистент на Дејвид Стерн и мене, тој патуваше низ светот за да ги пренесе вредностите на играта и да има влијание врз младите. Тоа беше дело на љубов за Боб, кој беше еден од најљубезните и најискрените луѓе што некогаш сум ги сретнал“, изјави Силвер.

 

Се вчитува...