Реал Мадрид веќе заостанува зад Барселона во трката за титулата во Ла Лига, Жозе Мурињо се мачи да ги вклопи новите засилувања во тимот и да ја наметне сопствената фудбалска филозофија, но последните информации говорат дека Португалецот има главен проблем – да состави силен колектив.
Токму тоа беше проблемот и на неговите претходници Чаби Алонсо и Алваро Арбелоа, а последните информации од Шпанија говорат дека Мурињо се соочил со истиот проблем како и Арбелоа, тепачка на двајца фудбалери во соблекувалната. Пред неколку месеци Валверде и Чуамени добија рекордни казни поради конфликтот пред крајот на ланската сезона, се очекуваше Мурињо со своето педигре и начинот на менаџирање со бројните ѕвезди да успее да донесе мир во соблекувалната, но очигледно тоа не е случај.
Новинарот Антон Меана од „Кадена СЕР“ обелодени дека сезоната почнала максимално бурно за „специјалниот“ во Мадрид.
„Реал Мадрид има еден сууштински проблем – атмосферата во соблекувалната е подеднакво заледена како и пред пет месеци. Тој „мраз“ не успеа да го истопи дури ни Мурињо со својот интензитет на работа што го бара. Ако на ова го дадеме и хаосот што константно владее со Мбапе и неговите верувања дека е поголем од остатокот на тимот, јасно е зошто целата ситуација е далеку од идеална во пресрет на овој клучен месец“, вели Меана.
„Кадена СЕР“ обелодени дека дошло до огромен инцидент кога препукувањето на двајца фудбалери во соблекувалната завршило со физички конфликт. Имињата на „тепачите“ не се обелоденуваат во јавноста, се тврди дека клубот веќе ги има санкционирано, но и дека атмосферата воопшто не е подобрена по тој инцидент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
