Нова трагедија во Италија: Загина помошник тренер, голман тешко повреден

Италија утрово повторно ја потресе фудбалска трагедија. По потресната смрт на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори оваа година, Апенините повторно се во тага откако е потврдена информацијата дека загина помошниот тренер а тешко е повреден голманот на третолигашот Сиракуза.

Тие утрово патувале на тренинг на својот клуб, и во близина на тренинг кампот, доживеале сообраќајна несреќа. Помошниот тренер загинал на лице место додека голманот Маурис Гомис се здобил со тешки повреди. Автомобилот со кој патувале се забил во ѕид, а се уште не се познати причините за несреќата.

Голманот Гомис, кој е помлад брат на Алфред Гомис кој брани за СПАЛ, се наоѓа во моментов во локалната болница. Овој 20-годишен голман во Сиракуза е на позајмица од СПАЛ.

Се вчитува...