Нова трансфер-бомба во НБА: Бруклин создаде тим за титула

Нова трансфер бомба во НБА. Бруклин го потврди доаѓањето на Ламаркус Олдриџ, но поради клупската политика детали од договорот не се објавени.

Олдриџ, кој има 35 години, е меѓу најдобрите центри во НБА-лигата со просечен ефект од 19,4 поени и 8,3 скока. Американецот во 2006 година беше избран за втор пик на драфтот, а пред Сан Антонио настапуваше за Портланд.

Седумкратниот учесник на Ол-стар мечот така се придружи на Џејмс Харден, Кевин Дурант, Кајри Ирвинг и Блејк Грифин. Нема сомнеж дека Бруклин по овој трансфер е меѓу главните кандидати за освојување на шампионскиот прстен.

Се вчитува...