Нова трка за историја во Токио – Светски рекорд на Меклафлин на 400 метри со пречки (ВИДЕО)

Продолжуваат неверојатните остварувања на атлетските трки на Летните олимписки игри во Токио. По вчерашниот светски рекорд на 400 метри со пречки во машка конкуренција и најбрзата трка во историјата на оваа делница, денеска истот се случи и кај дамите.

Американката Синди Меклафлин стигна до златниот медал со време од 51.46 секунди што е за неверојатни 44 стотинки побрзо од нејзиниот досегашен светски рекорд кој го постави во Јуџин Годинава.

Второто место и припадна на нејзината сонарордничка и златна од минатите игри во Рио, Далила Мухамед која истрча 51.58 или 32 стоти делови од секундата побрзо од досегашниот светски рекорд на Меклафлин.

Бронзата и припадна на Холанѓанката, Фемке Бол која со 52.03 секунди стана најбрзата европјанка во историјата на оваа дисциплина.

 

Се вчитува...