Нова жртва: Почина поранешниот претседател на Марсеј

Поранешниот претседател на Олимпик Марсеј, Папе Диуф, почина во 69. година од животот, како последица од коронавирусот, пренесува националната телевизија во Сенегал.

Диуф во вторникот бил префрлен во болница во Дакар, откако состојбата му се влошила, а неколку часа подоцна го загубил животот.

Поранешниот новинар и фудбалски менаџер чии клиенти беа фудбалери како Марсел Десаи, Вилијам Галас, Самир Насри и Дидие Дрогба, на позицијата претседател на Марсеј дојде во 2005 година. Последните две години од животот ги помина со семејството во Дакар.

 

Се вчитува...