Селекторот на женската младинска репрезентација на Македонија, Даниела Новеска Вељаноска, го објави списокот ракометарки за претстојните Медитерански игри во Таранто, Италија.
Македонија на Медитеранските игри ќе настапи со женска младинска селекција, составена од комбинација на младинки и кадетки, односно ракометарки од генерациите У18 и У20.
„Поради краткиот временски период за формирање на составот, селекцијата беше комплетирана во најбрз можен рок, со репрезентативки кои во овој период беа на располагање и слободни од клупските обврски. Настапот на Медитеранските игри ќе претставува дополнителна можност за нашите млади ракометарки да стекнат драгоцено меѓународно искуство, да се натпреваруваат со селекции од други земји и да го продолжат својот репрезентативен развој“ – порачаа од РФМ.
На списокот се 14 ракометарки кои ќе патуваат во Таранто, главно од ЖРК Вардар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
