Нови газди, нови дресови: Њукасл ќе игра во боите на Саудиска Арабија

Навивачите на Њукасл се разочарани откако управата овој премиерлигаш ги објави дресовите за наредната сезона. Особено „проблематична“ е втората комбинација на опремата, која е во боите на Саудиска Арабија (бело-зелена комбинација), нешто на што инсистирал првиот човек на клубот, Јасир Ал-Румијан.

Традиционално е комбинацијата на бои за гостинските натпревари да биде различна од онаа што е прва опција на клубот (во случајот на Њукасл, црно-белата варијанта), но самиот избор на зелено-белиот дрес навивачите не го прифатија најдобро, туку со став дека „нивниот клуб дефинитивно се продал и полека, но сигурно ја губи душата“.

На темата се јави и Амнести Интернационал, здружението кое со години се бори за човековите права и ги осудува бруталните мерки на саудискиот режим.

„Иако тврдеа дека политиката нема да се меша во Њукасл, сега само докажаа дека сакаат да го искористат клубот за да се претстават во добро светло како држава пред светот. Сите во тој клуб, од играчите од навивачите, треба цврсто да застанат против тоа и да не дозволат да бидат средство на ваква манипулација“, порачуваат од Амнести Интернационал.

Се вчитува...