Нови газди, нови правила – Стив Брус доби отказ во Њукасл

Новите сопственици на англсикиот премиер-лигаш Њукасл го направија првиот чекор кон формирање на тим кој во следните години треба да доминира во европскиот фудбал. Стив Брус е веќе поранешен тренер на клубот откако утрово доби отказ.

Њукасл има за цел во следните години да биде конкурент за титулата во Премиер-лигата, но прво треба да обезбедат опстанок сезонава. Во моментов тие се на претпоследната позиција со само три освоени бода.

Овој учинок беше аларм за новите сопственици да се решат од Стив Брус, можеби и порано од тоа што и самите мислеа.

 

Се вчитува...