Нови главоболки за Пеп – Младинци ќе ја бранат честа на Сити во Лига Купот

Манчестер Сити ќе мора да се потпре на дел од младинците од тимот до 23 години за натпреварот од Лига Купот на Англија во вторникот против Викомб Вандерерс, бидејќи многу од клучните играчи се повредени, откри менаџерот Пеп Гвардиола.

Каталонецот истакна дека нема други решенија, па шанса ќе даде на младите играчи. Тренерите во Англија вообичаено со младинци ги играат почетните рунди во лига-купот, но Гвардиола е познат по тоа што речиси секогаш настапува со силен состав и во ова натпреварување.

„Немам алтернатива за натпреварот со Викомб. Ќе излеземе со некои од младите момчиња од вториот тим. Имаме проблеми со Џон Стоунс, Емерик Лапорт, Александар Зинченко и Родри. Но, се отвора добра можност за момчињата од Академијата и тие мора покажат зошто се во клуб како Манчестер Сити“, заклучи Пеп.

Се вчитува...