Нови главоболки за Пирло: Јуве патува во Верона со десет јуниори

Јувентус се наоѓа во многу тешка ситуација. Денес тимот од Торино мора да победи во Верона за да остане во трката за титулата. Сепак, „старата дама“ ќе има тешка задача особено ако се има во предвид одличниот Иван Јуриќ, кој се покажа како специјалист за гиганти, иако има далеку ослабен тим.

Киелини, Бонучи, Куадрадо, Артур, Дибала и Мората се повредени, додека Данило е суспендиран. Затоа Андреа Пирло ја „ограби“ младинската школа на Јувентус за овој натпревар, а според италијанските медиуми дури десетина играчи на младиот тим ќе патуваат во Верона.

Роналдо е единствениот класичен напаѓач на списокот на патници за Верона, па друштво на Кристијано во навалната линија ќе му прави Кулушевски, кој повторно ќе игра на неприродна позиција за него.

Натпреварот Верона и Јувентус е закажан за вечерва со почеток од 20:45 часот.

 

Се вчитува...