Нови главоболки за Рангник: Јунајтед без Роналдо ќе брка пласман во Лига Европа!

Манчестер Јунајтед во утрешното последно коло од Премиерлигата на домашен терен ќе ги одмери силите против Кристал Палас (17. часот), во меч во кој победата е неопходна за сигурно потврдување на пласманот во Лига Европа следната сезона, што и нема да биде лесно со оглед на отсуството на Кристијано Роналдо.

Според англиските медиуми, во составот за оваа пресметка ќе го нема Португалецот, кој има повреда на бутниот мускул на ногата. Тоа би било огромен хендикеп за тренерот Ралф Рангник, кој последен пат ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ од клупата и тоа пред очите на својот наследник, Ерик Тен Хаг, кој ќе биде на трибините.

Јунајтед е во директна борба со Вест Хем, кој исто така ќе нема лесна задача да дојде до трите бода со кои би направил притисок врз тимот на Манчестер, со оглед што ќе му гостува на одличниот Брајтон. Великанот е шести на табелата со 58 бодови, додека Вест Хем е зад него со два бода помалку, но со подобра гол-разлика, поради што на Јунајтед не му одговара да одигра нерешено со Кристал Палас.

Се вчитува...