Нови главоболки за Тен Хаг, Де Хеа може да го напушти Јунајтед и тоа бесплатно!?

Извонредниот голманот на Шпанија и Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа би можел да си замине на крајот на сезоната целосно бесплатно затоа што му завршува договорот.

Англиските медиуми пишуваат дека Де Хеа создава нови главоболки за Ерик Тен Хаг, откако Шпанецот не е ниту блиску до продолжување на соработката, а причина за тоа е одлуката на „ѓаволите“ да му го продолжат договорот на само една година.

Де Хеа нема да прифати едногодишен договор и затоа планира среќата да си ја побара на друго место, а со негово заминување ќе се ослободи и дел од буџетот, зашто голманот заработува 300.000 фунти неделно.

Засега нема конечна одлука од Јунајтед, но најверојатно меѓу стативите на тимот од Манчестер ќе застане Џордан Пикфорд од Евертон.

Се вчитува...