Нови главоболки за Тухел: Запреа преговорите и со Кристенсен

Челси се наоѓа на „седмо небо“ по пристигнувањето на Томас Тухел на клупата. „Сините“ успеаја да направат пресврт во сезоната и со одлична игра во одбраната да стигнат до врвот на Европа, а добрата форма на лондонскиот состав продолжи и во новата сезона во која по девет одиграни кола Челси се наоѓа на врвот на табелата во Премиерлигата.

Но, како што одминуваат деновите, проблемите на „Стемфорд Бриџ“ стануваат се поголеми. Прво тимот не успеа да договори продолжување на соработката со Антонио Рудигер, а сеа запреа и преговорите со Андреас Кристенсен.

Данскиот стопер кој е дел од Челси уште од 2013 година во минатото не успеваше да се наметне во првиот тим, но под водство на Тухел заигра согласно своите можности. Оваа сезона настапи на сите три натпревари во Лигата на Шампионите, а забележа и шест настапи во Премиерлигата со што станува главна карика во „синиот“ состав.

Проблемот е ист како и оној со Рудигер – месечните примања. Кристенсен и Челси преговараат за нов договор уште од месец август, но според оној кој го има на маса останува еден од играчите со најниски примања во тимот, нешто што 25-годишникот со оглед на интересот од другите клубови нема да го прифати и покрај желбата да остане во истата средина.

Се вчитува...