Нови семејни проблеми за Роналдо

Кристијано Роналдо повторно се најде во центарот на вниманието, но овој пат поради неговио брат Динарте Авеира. Имено, италијанските медиуми објавија дека братот на Роналдо се нашол во проблеми со законот и дека против него е отворена истрага.

Италијанската полиција го истражува Авеира бидејќи е осомничен дека на црниот пазар продавал посебни „Адидас“ дресови кои требале да бидат уништени. Сепак, Авеира сакал да заработи дополнителни пари и продал дури 13 илјади дресови. Ги продавал по 40 евра по парче, а набрзо фирмата која ги произведувала сфатила дека нешто не е во ред.

Италијанската јавност е во неверување, бидејќи не им е јасно зошто му било ова потребно на Авеира бидејќи неговиот брат заработува неверојатна сума на пари.

Се вчитува...