Нови проблеми: Барселона може да остане без големата ѕвезда

Барселона пред само неколку дена ја осигура иднината со новиот договор на мега талентот Педри кој ја продолжи верноста до 2026 година, но преговорите за продолжување на соработката со Ансу Фати не се одвиваат најдобро и каталонците се во опасност да останат без услугите на младиот играч.

Договорот на Фати истекува на крајот на сезоната, а проблемите кои мораат да ги надминат Барселона и младиот Шпанец се пред се во долготрајноста на истиот, пренесуваат шпанските медиуми. Каталонците сакаат нов пет годишен договор, а 18-годишникот само две.

Проблемот во овој поглед е во тоа што Барселона во моментот не може да понуди богат договор, а Фати не сака долготрајна обврска со клаузула од една милијарда за клуб кој не сигурен дека може да го награди неговиот придонес.

Се вчитува...