Нови проблеми за Алегри: Јувентус сериозно ослбен за градското дерби со Торино

Јувентус денеска го игра својот меч од новото коло во Калчо-лигата, и тоа градското дерби со Торино, дуел за кој Масимилијано Алегри има сериозни проблеми да го состави стартниот тим.

Проблемите во одбранбената линија се зголемија откако Леонардо Бонучи се здоби со нова повреда, па искусниот дефанзивец го очекува нов период надвор од терените. Згора на тоа, Алегри размислува и за ротации во составот во пресрет на првиот осминафинален меч од ЛШ што „старата дама“ ќе го игра во вторник против Вилјареал.

„Компликувано ќе биде да се изберат единаесетмината за дербито со Торино. Сигурно нема да го имаме Бонучи, кој почувствува болка уште во првото полувреме од мечот со Аталанта и сега ќе мора да паузира. Повреден е и Кјелини, Киеза е подолго време во аут, Бернардески уште не е подготвен, а Данило е суспендиран. Немам донесено одлука ниту за нападот, дали повторно да почнеме со Влаховиќ, Мората и со Дибала или некоја друга опција“, истакна Алегри.

Се вчитува...