Нови проблеми за Клоп: Наби Кеита е позитивен на Covid-19

Фудбалерот на Ливерпул, Наби Кеита, е позитивен на Covid-19. Тој нема посериозни симптоми, но неговите резултати од тестирањата покажале дека е позитивен на коронавирусот заедно со уште четвроица други репрезентативци на Гвинеа. Кеита ќе мора да замине во изолација и да чека два негативни теста за да може повторно да се врати на фудбалските терени.

Наби Кеита дојде во Ливерпул во 2018 година и оттогаш одигра 47 натпревари за „црвените“, а постигна и четири гола.

Се вчитува...