Нови проблеми за Милан: Ребиќ суспендиран поради навреда на судија

Сезоната од сништата на Милан полека го губи својот сјај. „Росонерите“ ја губат трката за титула против градскиот ривал, Интер, а во последниот дерби натпревар против Наполи покрај трите бода „црвено-црните“ останаа и без услугите на својот напаѓач, Анте Ребиќ.

Хрватскиот интернационалец беше замена во 60. минута од натпреварот, а наместо шанса за изедначување на резултатот, во судиското продолжение доби и црвен картон откако го навреди судијата Фабрицио Пасква.

Симпатизерите кои натпреварот го проследија преку ТВ каналите не можат да се сложат што точно кажа напаѓачот на Милан, но Дисциплинската комисија не дозволи навредите да поминат без казна, па Хрватот следните два натпревара против Фиорентина и Сампдорија ќе ги проследи од трибините.

 

Се вчитува...