Нови проблеми за Оле Гунар Солскјер

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер се соочува со нови проблеми. Најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, Хари Мегваер ќе биде надвор од терените неколку седмици поради повреда на колкот.

Искусниот штопер не беше дел од тимот на Јунајтед на мечот од Карабао купот, кој „црвените ѓаволи“ го загубија од градскиот ривал Манчестер Сити со 1-3. Најголем проблем беше играта во одбрана поради која „небесно сините“ лесно доаѓаа до голот на Давид де Хеа.

Манчестер Јунајтед во следното коло во Премиер-лигата на домашен терен ќе го пречека последнопласираниот Норич.

Се вчитува...