Реал Мадрид загуби од Леванте, го загуби и првото место на табелата во Ла Лига, а најверојатно го загуби и Еден Азар за двата важни натпревари кои следуваат следната седмица, против Манчестер Сити во Лигата на шампионите и големото „Ел Класико“ кое е закажано на 1 март.
Азар не успеа да донесе водство за „кралевите“ кога излезе сам пред противничкиот голман на синоќешниот натпревар со Леванте, а потоа доби силен удар во десниот скочен зглоб, истата повреда поради која и претходно отсуствуваше.
„Азар ќе мора да ги мине деталните медицински прегледи, но не изгледа добро“, изјави кусо тренерот Зинедин Зудан по синоќешниот пораз.
Реал Мадрид в среда ќе го пречека Манчестер Сити на „Сантијаго Бернабеу“ и на тој меч Азар речиси сигурно нема да му биде на располагање на Зидан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА