Нови проблеми за Зидан – Менди повторно се повреди

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Ферлан Менди доживеа повреда на мускулот на левата нога, поради која ќе ги пропушти следните два натпревари на кралскиот клуб, утре против Осасуна и градското дерби со Атлетико Мадрид викендов.

Проблемот на Менди со повредите продолжува, а од неговото доаѓање од Олимпик Лион за сума од 48 милиони евра поголем дел од времето помина надвор од тимот, а одигра само два натпревари за клубот.

Повредата на Менди претставува дополнителна главоболка за Зинедин Зидан бидејќи на позицијата лев бек не може да смета ниту на Марсело, па се очекува стартер со Осасуна да биде Начо.

 

Се вчитува...