Новинарите избраа: Салах е играч на сезоната во Премиер-лигата

Мохамед Салах е избран за најдобар фудбалер во Премиер-лигата за сезоната 2021/22, во изборот на професионалните фудбалски новинари што традиционално го одржува ова здружение.

Салах игра во животна форма и досега има 22 гола во Премиер-лигата, вкупно 20 сезонава, воедно е и најдобар асистент во лигата, по што сосема заслужено се закити со наградата, освојувајќи 48% од вкупните гласови. Второто место му припадна на Кевин де Бруине од Манчестер Сити, додека третопласиран во гласањето беше капитенот на Вест Хем, Деклан Рајс.

Ова е втора ваква награда што ја добива Салах, кој го доби истото признание и во 2018 година.

Се вчитува...