Репортерката на АБЦ7 предизвика скандал со својата изјава за Босна и Херцеговина пред натпреварот со САД.
Фудбалерите на Босна и Херцеговина направија огромен подвиг пласирајќи се во нокаут фазата на Светското првенство, а ноќта помеѓу среда и четврток ќе имаат можност за нов историски резултат, бидејќи играат против домаќинот на турнирот, Соединетите Американски Држави.
Американците влегуваат во овој дуел исклучително самоуверени. Тие се целосно убедени во својата победа и сериозно ја потценуваат Босна и Херцеговина. Несомнено е дека арогантните изјави преку океанот ќе бидат само дополнително гориво за фудбалерите на БиХ. Натпреварот ќе се игра во Сан Франциско на 2 јули во 02 часот по наше време.
Новинарката на АБЦ 7 јавно изјави во најавата за натпреварот дека дури и не знае каде се наоѓа Босна и Херцеговина на светската мапа.
„Следната среда играме против Босна. Што да мислам за Босна, кога дури и не знам каде се наоѓа на мапата? Не знам ништо за Босна, но знам дека ќе ги победиме следната среда“, изјави Абигејл Велез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
