Новиот бисер на Барса доби повик во репрезентацијата на Шпанија

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис де ла Фуенте го објави списокот со играчи кои ги повика за пријателските натпревари против Колумбија и Бразил, а на него за првпат се најде и Пау Кубарси.

Станува збор за 17-годишен фудбалер на Барселона, кој игра на позицијата стопер, а роден е на 22. јануари 2007 година во околината на Жирона, во срцето на Каталонија.

Кубарси директно од У-17 се пресели во „А“ репрезентацијата благодарение на добрите настапи во Барселона во последните месеци.

Доколку Кубарси добие шанса на еден од овие два натпревари, ќе стане најмладиот дефанзивец во историјата на шпанската репрезентација, надминувајќи го Серхио Рамос. Уште еден талент на Барселона, Ламине Џамал, минатата година со само 16 години стана најмладиот дебитант во историјата на „црвената фурија“.

Се вчитува...