Новиот кикс на Јасикевичиус ќе ја чини Барселона намалување на буџетот

Барселона одново потфрли во финалниот турнир на Евролигата, а неуспехот ќе го чини клубот намалување на буџетот во сезоната која претстои, открива „Мундо Депортиво“. Незадоволството доаѓа од раководството кое се одлучило за намалување на буџетот од 10 до 15 отсто.

Буџетот на каталонците оваа сезона изнесуваше 44 милиони евра, а поранешниот легендарен кошаркар кој сега ја врши улогата на спортски директор, Хуан Карлос Наваро ќе има тешка задача да најде компромис без 8 до 11 милиони евра, поготово доколку се земе во обзир на само четворица од 16 луѓе во првиот тим им истекува договорот.

Тоа се Кајл Кјурик, Сертач Шанли, Мајк Тоби и тренерот Шарунас Јасикевичиус кој воедно и одговорниот за новото потфрлање. А, ако не се подобрат работите во сезоната која следи клубот ќе добие и дополнителна казна со намалување на буџетот од 20 до 25 отсто.

Се вчитува...