„Новиот Македонец“ со нов клуб во Шпанија

Новопечениот македонски репрезентативец, Шејн Витингтон, си обезбеди нов трансфер во Шпанија потпишувајќи двогодишен договор со екипата на Андора. Овој 27-годишен кошаркар ја мина ланската сезона во дресот на Зенит, но во текот на летово си замина од Русија каде имаше просек од 4,9 поени и 3,8 скокови на натпреварите во Еврокупот.

Овој трансфер претставува камбек на Витингтон во шпанската кошарка, каде овој кошаркар настапуваше во дресот на Обрадорио.

Американскиот центар дебитираше за македонската репрезентација при поразот од Швајцарија, па останува да се види дали ќе се најде на списокот за претстојните квалификациски дуели со Косово и со Романија, кои ќе бидат на програмата во септември.

Се вчитува...