Челси стигна до потпис со уште едно летно засилување. Станува збор за 18-годишниот бразилски талент Ангело Габриел кој на „Стемфорд Бриџ“ пристигнува од Сантос во трансфер вреден 15 милиони евра.
„Новиот Нејмар“ како што го нарекуваат тамошните медиуми е најмладиот стрелец во Копа Либертадорес откако во април 2021 година на 16-годишна возраст ја затресе мрежата.
Неговиот договот со „сините“ ќе биде повеќе сезонски и очекувањата се дека ќе му се стави на располагање на тренерот Покетино на турнејата во САД каде ќе има шанса да се наметне во тимот. Во спротивно ќе биде испратен на едно сезонска позајмица во Стразбургсо цел да се прилагоди на европскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА