Новиот селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија, Црногорецот Игор Марковиќ, своето деби на кормилото ќе го има на претстојното издание на „Трофеј Македонија“, турнирот во Охрид што стартува денеска, а наш противник ќе биде Србија (18 часот, сала „Билјанини извори“).
„Чест ми е и задоволство што седам во вакво друшво на тренери. Што се однесув до самиот турнир, првично е да се запознаеме со екипата, овие први четири пет тренинзи се недоволни за коренити промени, но ќе настојувам да покажеме борбеност. Мислам дека е прерано за поголеми тактички промени, имаме 20 ракометарки на списокот, верувам дека сите ќе добијат шанса, да покажат што знаат и умеат бидејќи различно е, сакам да видам како реагираат на тренинг, како на натпревар. После тоа ќе имам појасна слика, можеби за октомври ќе повикам и нови ракометарки што би биле во комбинација за ЕП “, изјави новиот македонски селектор.
Потоа, Марковиќ проговори за својата визија околу тоа како сака да изгледа играта на македонската репрезентација под негово воддсство.
„Јас сакам да играм брз ракомет и тоа ќе го барам од ракометарките. Мислам дека немаме висина за одбрана 6-0, ќе мораме да бидеме агресивни во одбаната, да трчаме многу и побрзо да ги завршуваме нападите… Во нападот сакам да играме седум на шест, тоа сигурно ќе се обидуваме да го применуваме во иднина и доколку го одработиме како што треба ќе биде наша силна страна на наредните натпревари, во октомври па и потоа на европското првенство“, истакна Игор Марковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
