Новиот Србин во НБА „експлодираше“ во Летната лига (ВИДЕО)

Дваесетиседмиот пик на овогодишниот драфт, Никола Јовиќ одигра блескава партија за Мајами во Летната лига на НБА. Србинот го предводеше својот тим до победа над Голден Стејт со 25 поени и реализација 5/7 зад линијата 6,75, а беше блиску и до дабл-дабл учинок со девет скока.

Задоволството од добриот натпревар на Србинот не го криеше ниту неговиот тренер кој и покрај пофалните зборови сепак додаде дека сеуште не е подготвен за НБА натпревар на високо ниво.

„Одлично започна и се виде дека ваков учинок наскоро ќе дојде. Повеќе не му е се пребрзо, започна да ја „успорува играта“. Денеска имавме подобар проток на топката и ги искористи обидите на поставените напади. Сеуште не е подготвен за добра игра во одбраната на НБА меч, но ги претпознава концептите и се труди“, изјави неговиот тренер Малик Ален.

Се вчитува...