Новиот тренер на Њукасл е позитивен на коронавирус

Еди Хау ќе мора да почека на своето деби како менаџер на Њукасл откако новиот стратег на „црно-белите“ беше позитивен на последното тестирање на коронавирус, поради што ќе мора да ги мине наредните десет дена во самоизолација.

Хау беше именуван за нов менаџер за време на репрезентативната пауза и требаше да дебитира на утрешниот дуел со Брентфорд. Сепак, позитивниот тест значи дека тој нема да може да ги води ниту тренинзите во наредниот период, во кој тимот ќе го водат неговите помошници Џејсон Тиндал и Грем Џонс.

„Многу сум разочаран што нема да бидам со сите вас на Сент Џејмс Парк утре“, кратко порача Хау.

Се вчитува...