Новиот тренер на Тотенхем доаѓа од Холандија

Тотенхем е на добар пат да ги разреши дилемите околу тренерското прашање и да потпише договор со Арне Слот, 44-годишниот холандски стручњак кој ја освои шампионската титула со Феенорд во својата таковина. Слот веќе извесно време се наоѓа на листата со желби на „спарси“, а според холандскиот весник „Де Телеграф“ викендов e постигнат сериозен напредок во преговорите и наскоро се очекува да биде потпишан договор.

Челниците на Феенорд се надеваа дека Слот ќе потпише нов договор со клубот, но понудата на Тотенхем е повеќе од двојно повисока од оние 1,9 милиони евра по сезона што шампионскиот тренер ги заработува во моментов, нешто со што холандскиот првак не може да се трка.

Слот има валиден договор со Феенорд на уште две години, поради што Тотенхем ќе мора да плати отштета во висина од седум милиони евра. Новиот тренер ќе има тешка задача да го гради тимот без легендарниот голгетер Хари Кејн, кој речиси сигурно ќе си замине од клубот во текот на летниот преоден рок.

Се вчитува...