Новиот тунел на „Енфилд“ ги воодушеви навивачите на Ливерпул (ВИДЕО)

Ливерпул изминатава сезона по шести пат во својата историја стигна до трофејот во Лигата на шампионите.

Токму поради тоа променет е и изгледот на тунелот на „Енфилд“ на кој се минува пред излезот на терен. Па, сега, место број 5 стои бројот 6. Самиот процес на промената беше испратен преку Твитер профилот на „црвените“, и секако новиот изглед ги воодушеви навивачите на Ливерпул.

 

Инаку, освен шест титули во ЛШ, Ливерпул има и 18 трофеи шампион на Англија, седум трофеи од ФА Купот, осум од Лига купот, три трофеи во Купот на УЕФА и три Суперкупа на Европа.

Се вчитува...