Новите дресови на Јуве не ги воодушевија фановите (фото)

Јувентус е најновиот клуб чии дресови за наредната сезона се појавија во јавноста, но навивачите не се премногу импресионирани од дизајнот.

Очекувано, „црно-белата“ боја останува главна за најтрофејниот италијански клуб, но суштинската разлика во „црните риги“, кои веќе не се прави како во актуелната сезона.

Овие дресови веќе се пуштени во продажба во Далечна Азија, а се очекува во текот на месецот и официјално да биде промовиран од Јувентус како прва комбинација за сезоната 2022/23.

Се вчитува...