Новите засилувања му донесоа триумф на Јуве против Верона (ВИДЕО)

Новите аквизиции Душан Влаховиќ и Денис Закарија беа во главна улога во победата на Јувентус над Верона од 2-0 во 24. коло во италијанската Серија А. На српскиот напаѓач му беа потребни само 13. минути на феноменален начин со лоб удар да го постигне првиот гол во дресот на „старата дама“.

И Денис Закарија успеа во своето деби да се запише во листата на стрелците, откако во 61. минута на асистенција на Алваро Мората ги постави конечните 0-2.

 

 

 

Се вчитува...