Новицки не се откажува: Можеби ќе одиграм уште една сезона…

Германскиот ветеран Дирк Новицки, нема намера да ја заврши кариерата иако зад себе има 20 сезони во НБА лигата. Тој пред неколку месеци потпиша нов едногодишен договор со Далас маверикс кој му носи 5 милиони долари. Новицки сега не ја исклучува можноста по завршувањето на овој, да следува нов едногодишен договор.

„На крајот ќе донесам одлука дали ќе останам уште една сезона после оваа што следи. Ја одиграв речиси целата мината сеозна. Бев потполно здрав и подготвен да играм на секој натпревар, но одлучив малку порано да заминам на операција. Ако биде исто и во наредната сезона, тогас сигурно ќе размислам. Оставам отворена врата. Можеби ќе одиграм уште една сезона пкус. Ќе се обидам да бидам ефикасен како и секоја година досега. Се надевам дека ќе биде интересно“ – вели 40-годишниот Дирк Новицки.

Се вчитува...