Новицки: Никогаш не бев толку добар како што е Лука

Далас Маверикс вечерва ќе го повлече дресот со број „41“ во чест на најдобриот кошаркар во историјата на франшизата, Дикр Новицки. Легендарниот Германец цела кариера ја помина во дресот на тимот од Тексас а во 2011 им ја донесе и единствената досега титула во лигата.

Тој и покрај тоа што е веројатно најдобриот европски кошаркар кој некогаш играл во НБА лигата вели дека никогаш не бил толку добар како што е Лука Дончиќ во моментов.

„Јас никогаш не бев толку добар како што е Лука на почеток од кариера. Има голем притисок врз себе. Лука е неверојатно момче со големо срце. Неверојатно е тоа што го прави и сум горд на него. Само нека остане здрав и ќе има долга кариера, се надевам во Далас“, изјави Новицки.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NBAmk (@_nbamk_)

Се вчитува...